Дождот добредојден за земјоделските култури

 

Как што беше најавено од УХМР врнежи  од запад и југозапад започнаа и се интензивираат и шират и во останатите предели од Македонија.  Нашето  подрачје ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Оваа вест најмногу ги израдува земјоделците  кои долг период  ги мачи сушата. Загрижуваат и податоците од мониторингот на суша на одредени места во државата, кои покажуваат појава за екстремна суша за претходниот месец.

Овие врнежи ќе бидат добре дојдени за земјоделските култури, кои се на почетокот на својата вегетација и секоја капка е драгоцена за нивниот развој, велат агрометеоролозите.

Фазата на почеток на листање кај растенијата во комбинација со врнежите и високата температура, ствара добри услови и за првичните инфекции кај растенијата, затоа се препорачува на земјоделските производители да применат соодветна заштита. Во своите активности, земјоделските производители малку ќе бидат спречени, за работа на отворено, заради неповолните временски услови и нестабилното време кое не очекуваа во наредниот период.

Share Button