fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи: Со донесувањето на закон за задолжително осигурување ќе се овозможи сигурност во земјоделското производство

Постапката на донесување на овој закон е веќе во последна, завршна фаза.

Со донесување на новиот закон за задолжително земјоделско осигурување, кој е во фаза на подготовка, земјоделското осигурување ќе стане задолжително и во нашата земја. Одговор на прашањата до каде е постапката на донесување на законот, што ќе се постигне со формирањето на осигурителен пул и кога се очекува да се воспостави ова системско решение, ни даде заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Владата на Република Северна Македонија изготви закон за задолжително осигурување во земјоделството, со цел воспоставување систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани. Можете ли да ни кажете до каде е постапката за носење на законот?

-Постапката на донесување на овој закон е веќе во последна, завршна фаза. Процесот на изготвување на законското решение беше интензивен и инклузивен, одржавме повеќе состаноци заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и претставници од министерството, на кои учествуваа голем број на осигурителни компании кои на пазарот нудат земјоделско осигурување, ги слушавме нивните размислувања, предизвиците, предлози со кои се соочуваат на ова поле, затоа што земјоделството е една жива стопанска гранка, една жива материја која е многу тешко да се предвиди. Непосредно веќе сме сведоци на климатските промени кои исклучително лошо се одразуваат врз земјоделското производство. Заедно со Mинистерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување поставивме едно системско решение на проблем кој 32 години се провлекува без конкретен институционален одговор. Последните информации што ги имам е дека се доработува и усогласуваат уште некои технички работи помеѓу Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Mинистерството за финансии, па се очекува Законот во таква форма да биде доставен до Влада, по што сите засегнати страни ќе имаат прилика да го разгледаат, да дадат свое видување и конечно да го решиме овој горчлив проблем на земјоделците.https://www.brif.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close