fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нови даноци од 1 јануари 2023

Од Владата стигна веста за официјалниот почеток на дебатата за даночната реформа.

Стопанствениците официјално не излегоа во јавноста, а според наши сознанија, најмногу за што би се „воделе битките“ во врска со прогресивното оданочување, би бил долниот праг над кој почнува повисоката стапка на данок.Според сегашниот Законот за данокот на личен доход, прогресивното оданочување треба да почне на 1 јануари 2023 година. Законот предвидува аконтативно оданочување на доходот од  работен однос, или од авторски права, со стапка од 10 проценти за месечниот доход до 90.000 денари и со стапка од 18 проценти над тој износ. Но, овој Закон беше донесен во 2018 година кога просечната плата во државата достигна до 25.784 денари, за разлика од сегашните 31.407 денари.

Според актуелната регулатива, со законски измени се ставија во мирување токму одредбите за прогресивно оданочување и тоа во период од  1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година. Но, со Законот се ставија во мирување и други даночни промени, кои опфаќаат голема група граѓани. Станува збор за членовите 11, 84 и 87 од Законот за данокот на личен доход, кои се однесуваат на стапките по кои се пресметува и се плаќа данокот на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход. Тие сега имаат даночна стапка од 10 проценти.

Според сегашниот Закон за данокот на личен доход, од 1 јануари 2023 година даночна стапка од 15 проценти ќе има за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход, за доходот од добивките од игри на среќа. За доходот од капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, данокот ќе се плаќа по стапка од 15 проценти доколку имателот ги поседувал до една година, односно по стапка 10 проценти доколку ги поседувал за период од една до 10 години.

Во Законот е предвидено и дека доходот од капитал остварен врз основа на камати на орочени депозити ќе се плаќа по единствена стапка од 10 проценти.https://www.slobodenpecat.mk/novi-danoci-od-1-januari-2023-ako-ima-progresiven-danok-verojatno-pragot-kje-bide-povisok/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close