вестиМакедонијаТоп вести

Како се применуваат мерките против африканската чума

(Oвој напис е објавен на: јануари 27, 2020)

Мерките против африканската чума се декларативни, бидејќи на терен не се применуваат во целост, сметаат од групацијата на одгледувачи на свињи, кои стравуваат од појава на оваа болест во земјава. Првиот човек на оваа групација, Ефтим Шаклев забележува дека мерките се применуваат за поголемите фарми, но не и за оние кои одгледуваат свињи на отворено или на депониите. Барат од Владата заклучоците за мерките против африканската чума да станат одлуки, со цел Министерството за финансии да префлри пари на Агенцијата за храна и ветеринатство.

Според него бадијала е ангажирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство во делот на едукативните предавања, а мерките во пракса не се спроведуваат. Стравот кај одгледувачите на свињи постои од појавата на оваа болест, бидејќи е присутна на само 25 километри од македонската граница. Бараат и Армијата да се вклучи во отсрелот на дивите свињи, со цел да се намали оваа популација, која може да ја шири болеста од Бугарија и Србија. При последната посета на кочанскиот регион, ресорниот минситер рече дека донесените мерки остануваат на сила.

  • Преку Агенцијата за храна и ветеринарство е предвидена и одредена поддршка за воведување биосигурносни мерки на самите фарми, затоа што заштитата е многу важна и ќе се обидеме да спречиме болеста, да не дојде кај нас, вели Трајан Димковски МЗШВ.

Свињарството е најбрзо растечката сточарска гранка во земјава, а појавата на оваа болест одгледувачите сметаат дека ќе биде голем удар врз економијата и уништување на оваа гранка.

Извор: Телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close