fbpx
Агро бизнисВестиМеханизација

Сончево со слаб ветер

Во следните денови утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close