Нови технологии за квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, Муртино и Робово
Воведување нови технологии и знаења за квалитетно и здраво градинарско производство кај градинарите преку искористување на тековните програми и фондови ( ИПАРД ) за нови инвестиции е целта на проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, Муртино и Робово” кој го започна Здружението за унапредување и развој на земјоделието Проагро фармери. Во наредните 8 месеци планирано е да се спроведат активности насочени кон воведување на нови технологии то ќе овозможат производство на здрава храна, велат организаторите.
„Преку нашиот проект “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, Муртино и Робово” во следниве 8 месеци кај фармерите ке работиме на едуцирање и укажувања за модерните технологии на производство кој се актуелни во моментот и ќе ги доближиме можностите за органското производство како основа за здрава храна“, велат од Проагро фармери.
Употребата на дронови во земјоделието, користењето на хидропониката во производството, употреба на заштитни мрежи, користењето на сончевата енергија за загревање на стаклениците, користењето на мобилните апликации за навремени агро-технички мерки, се планираните технологии што ќе ги применуваат производителите на градинарски производи.
Со цел да им ја олеснат примената на овие технологии, организаторите на проектот планираат одржувње на повеќе работилници и обуки.
„Според нашите очекувања по завршувањето на проектот околу 100тина фармери ке започнат со примена на нови технологи за добивање на квалитетни и здрави производи, очекуваме да се зголеми интересот и искористеноста на ИПАРД фондовите во таргетитаните села па и во цела општина, а исто така очекуваме и да го зголемиме интересот за Органско производство,велат организаторите. Убедени сме дека токму резултатите од проектот ќе бидат и добра практика и за останатите земјоделски региони како и на кој начин да ги надминуват и решаваат проблемите во земјоделието, а на тој начин пак ке придонесиме за зголемување на земјоделските приходи кај фармерите.“
Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија , а е спроведувана од УНДП. Проектот со свои средства ќе го помогне и општина Струмица.
П.Ј.