fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Несоодветните квалификации на младите кадри е еден од најголемите предизвици за компаниите

Jазот меѓу вештините и квалификациите и неусогласеностa со потребите на пазарот на трудот, сè уште е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнис заедницата и младите кои влегуваат во работните процеси.

Jазот меѓу вештините и квалификациите и неусогласеностa со потребите на пазарот на трудот, сè уште е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнис заедницата и младите кои влегуваат во работните процеси. Тоа го потврдуваат и 65 отсто од компаниите во анализите за потребите од работна сила што ги прави Стопанската комора на Северна Македонија.

Комората денеска на прес-конференција најави дека на 8 јули, во четврток, ќе се одржи конференцијата „Синергија на партнерите во обезбедување пазарно – ориентирано стручно образование и обука“ за подобрување на политиките за вклучување на компаниите во стручното образование и обука и постигнување синергија на партнерите во креирање пазарно-ориентирано стручно образование и обука за обезбедување стручен кадар.

-Само на таков начин ќе може заеднички да се подобри квалитетот на стручното образование и обука, да се направи релевантно на потребите на пазарот на труд и атрактивно за сегашните и за идните генерации што ќе придонесе за обезбедување стручен кадар што ќе создава производи со додадена вредност и ќе придонесе за конкурентност и економски раст и развој на државата, истакна Наташа Јаневска од Комората.

Таа потсети дека за решавање на предизвикот од несовпаѓање на вештините со потребите на бизнис заедницата, улогата на коморите и организациите на работодавачи, како здруженија за поддршка на бизнисот, е неизбежна. Потврда за тоа, рече Јаневска, се и податоците на Еурочемберс (Асоцијација на европските трговски и индустриски комори), кои покажуваат дека 80 отсто од коморите се вклучени во креирање на образованите политики и на обуката, а 48 проценти обезбедуваат стручно образование и обука.

Според неа, изминатиот период Комората спроведе низа активности, а со своите членки се вклучи и во креирањето системски документи и стандарди со кои се овозможи имплементацијата на образовниот процес и учење преку работа. Се изработија над 250 стандарди на занимања и над 100 стандарди на квалификации, како и образовни програми за изучување на 85 квалификации од 2, 3 и 4-годишно образование од различни сектори.

Директорот на Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари рече дека покрај соработката со образовните институции, МОН и ЦСОО, за да се постигне успех мора заеднички да се делува и со останатите комори преку процесот на платформата за јавно приватен дијалог, занаетчиската комора и организации на работодавачи.

-Секој во својот делогкруг на работење треба да дава придонес во обезбедувањето квалитетно образование и компетен кадар според напредните технолошки процеси и организациската поставеност на компаниите. Креативниот дијалог во соработката со парнерите е неопходен за решавање на проблемите, а разменетите искуства и идеи помагаат да се подобри квалитетот на образовниот процес и да се создадат квалификации потребни на бизнис заедница за креирање квалитетна и компетентна работна сила ќе придонесува за растот, развојот и зголемувањето на додадена вредност на компаниите, за одржлив економски раст и развој на земјата, привлекување на нови инвестиции и учество на глобалните пазари, рече Мифтари.

Како што беше посочено на прес-конференцијата, во интерес на креирање стручен кадар за потребите на бизнисот, компании членки на комората активно учествува во изработка на  250 стандарди на занимања, 100 стандарди на квалификации и 85 програми за квалификации за различни сектори.https://nezavisen.mk/nesoodvetnite-kvalifikacii-na-mladite-kadri-e-eden-od-najgolemite-predizvici-za-kompaniite/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close