fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нудат 20 денари за откуп на млекото, а го продаваат 80 денари, не им давам, вели млекопроизводител

Блегтори Ајети од скопско Кондово е индивидуален производител на млеко

Блегтори Ајети од скопско Кондово е индивидуален производител на млеко. Има неколку крави кои на ден даваат околу 40 литри млеко. Вели, можам млеко да обезбедам за децата, за фамилијата, но жално е што за многу деца во Македонија родителите не можат да им обезбедат чаша млеко. Проблем е веќе и лебот, а камо ли млекото, зашто цените отидоа во небо, забележуа Ајети. Тој е лут затоа што млекарите нудат 20 денари за откуп на млекото, а потоа го даваат скапо, во маркетите достигнува и до 80 денари. Не им го давам млекото, вели овој човек.

Во прилогот на ТВ Клан, Ајети вели дека има луѓе од селото кои купуваат литро – две од него. Но генерално, како што нагласува, луѓето се навикнале да си купуваат готово млеко во тетрапак, кое не треба да се вари, туку веднаш се пие.

Млекото земено од млекопроизводител е свежо, убаво, но секако мора да се вари, нагласува тој.

Работата на млекопроизводител не е лесна, а не е ниту евтино да се одгледуваат крави, вели Ајети и додава дека неговиот труд воопшто не се цени, затоа што со тие 20 денари што му ги нудат млекарите, не може да се покријат трошоците и вложениот труд. Затоа, кој сака од селото купува од него, а тој не го дава на млекарите кои прават екстра профит.https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/nudat-20-denari-za-otkup-na-mlekoto-a-go-prodavaat-80-denari-ne-im-davam-veli

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close