
НЗМ со повик до земјоделците – БУДЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ДОСТА Е ПРЕЖИВУВАЊЕ, ВРЕМЕ Е ЗА БОРБА!
Целта на протестот е да испратиме силна, недвосмислена порака до Владата и институциите дека состојбата повеќе не се толерира
БУДЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ДОСТА Е ПРЕЖИВУВАЊЕ, ВРЕМЕ Е ЗА БОРБА!
Нациооналната земјоделска мрежа со повик – Почитувани колеги, земјоделци од сите краеви на Македонија
Секојдневно ја делиме истата горчлива судбина. Додека со мачна работа, пот и неограничено одрекување ја обработуваме земјата и создаваме храна, нашиот труд секојдневно се обезвреднува.
Катастрофалните состојби во сите сектори на македонскиот аграр достигнаа критична точка од која нема враќање назад.
Денес, секој од нас се соочува со сурова вистина доведени сме на раб на егзистенцијата, а нашите семејства се доведувани до елементарен опстанок.
Нема повеќе оправдувања, нема повеќе чекање!
Доста беа празни ветувања, лажни субвенции, увозни лобија кои го уништуваат домашниот производ и откупни цени кои едвај ги покриваат основните трошоци. Секој молк, секој изговор и секое останување дома во деновите кога се одлучува за нашата судбина, значи директно поддржување на пропаста на македонското земјоделство.
- Колеги, земјата е наша, трудот е наш, а одговорноста за иднината на нашите деца е во наши раце. Немаме право на оправдувања!
30 септември 2026 година во 11:00 часот Тополчани – Пелагонија
Целта на протестот е да испратиме силна, недвосмислена порака до Владата и институциите дека состојбата повеќе не се толерира
Бараме итен и безусловен прием во Владата каде јасно и директно ќе ги изнесеме сите наши проблеми, барања и решенија.
Крај на катастрофалните политики во аграрот и итна заштита на домашниот земјоделски производител.
Националната земјоделска мрежа излегува со свои претставници и членови од сите региони и сектори.
Но, за овој глас да се слушне до највисоките институции, потребен е секој еден од нас!
Излези од нивата, остави ја алатката за еден ден и придружи се! Ако не го кренеме гласот сега, утре нема да постоиме како земјоделци.
Сложно, масовно и без колебање – за спас на македонскиот аграр




