fbpx
ВестиРурален туризам

Објавен оглас за субвенционирање на руралната инфраструктура

Владата и оваа година ќе инвестира во селски патишта, мостови и други јавни објекти. Субвенцијата за локалните самоуправи е неповратна и изнесува 100 проценти од одобрените трошоци или најмногу до 20 милиони денари.

До 31-ви август општините можат да поднесуваат барања за изградба на локални патишта, мостови, водоводи, добиточни пазари, младински и домови на културата.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените трошоци.

По барање на корисникот субвенцијата може да се додели во вид на аванс во висина од 20 проценти од вредноста на одобрените трошоци или парите може да се добијат на две рати односно во согласнот со фазите на реализација на инвестицијата.

Општиние кои не завршиле со претходните проектите од 2013-та до 2015-та година или немаат платено ДДВ за завршените градби, немаат можност да аплицираат за оваа мерка.

Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со платежната Агенција.


 

vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close