fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно и магливо

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови.

Времето ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.

И во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во сабота во текот на ноќта и во недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд. И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close