fbpx
Вести

Обука за семејно земјоделство во Кавадарци

Со цел развивање на семејното земјоделско стопанство, повеќе приходи и резултати во оваа област, денеска во Кавадарци беше реализирана обука за земјоделци, претставници на земјоделски здруженија и локалната самоуправа.

Во изјава за медиумите, тренерот Сретен Коцески од Националниот комитет за семејно земјоделство потсети дека Комитетот е формиран од Здружение институт за развој на заедницата во соработка со Федерација на фармери на Република Македонија  и мрежа за рурален развој.

– Во рамките на активностите кои ги спроведуваме досега предвидени се серија активности  меѓу кои стратешки план за кој имаме работилница. Направивме едно истражување  за семејното земјоделско стопанство во Република Македонија за кое резултатите ќе бидат објавени. Сега сакаме да ги информираме граѓаните што може да се направи за развивање на семејно земјоделско стопанство, за постигнување на приходи и резултати во оваа област. Ова е прва обука, интерес има. Она што може да се забележи е дека има потреба да се работи  во ова регулатива со цел сите бирократски процедури да се надминат, нагласи Коцески.

Малите земјоделски стопанства се добри, додаде, затоа што се остваруват семејни приходи.

– Целта на денешната средба во Кавадарци е да информираме дека постои Национален комитет за семејно земјоделско стопанисување, што е земјоделско стопанисување со спецификите и да се претстават семејните стопанства за да се подобри законската регулатива.

Не станува збор за нов термин, дефиниран е во законот, но се воведува во пракса терминот семејно земјоделие, рече Коцески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close