Од 611 контроли, кај 114 даночни обврзници се констатирани неправилности
Управата за јавни приходи излезе на терен да провери дали маркетите и продавниците ја почитуваат на одлуката за ослободување од ДДВ за основните прехранбени продукти што треба да продонесат до пониски цени за граѓаните.
Дали маркетите и продавачите на мало ја почитуваат мерката – нула данок за основните прехранбени производи, УЈП со засилени контроли. На територијата на целата држава извршени се 611 проверки а кај 114 инспекторите утврдиле неправилности. Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Според директорката на УЈП Сања Лукаревска, овие трговци, лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот ги продаваа со пресметан ДДВ со 5 проценти.
За прекршителите се изречени казни кои се одредени зависно од големината на објектот, бројот на вработените, месечните приходи и претходното даночно поведение на објектот. Глобите се движат до 500 евра за самостојните вршители на дејност и до 1000 евра за правните лица, доколку не се отстранат неправилностите ќе се оди и на втора глоба.
На предлог на Владата, со измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите, од 13 март основните прехранбени производи , се ослободени од ДДВ, а ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто за горивата. Целта е да се ублажат последиците од брзиот скок на цените, граѓаните и фирмите да се прилагодат на ценовниот шок поради пандемијата, како и од енергетската криза засилена особено со воената инвазија на Русија врз Украина.
Оваа стапка ќе важи до 31 мај, но не е исклучена можноста и да продолжи уште некое време доколку има потреба.