вестиТоп вести

Од денес почнува зонското паркирање во Битола

(Oвој напис е објавен на: септември 16, 2019)

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола, известува дека од денес 16.09.2019 година, отпочнува со наплата на паркинг услугите на зонското паркирање на предвидените паркинг простори во трите зони А, Б и Ц.

Граѓаните ќе можат да го регулираат своето паркирање со испраќање на СМС порака, со купување на билет за паркирање или со поднесување на барање за добивање на повластена паркинг карта. Наплатата на услугите ќе се врши согласно новиот ценовник.

Цената на паркинг услугата во зона А изнесува 30 ден за паркирање од 2 часа плус 25 ден секој нареден час. Во зона Б – 20 ден за паркирање од два часа плус 20 денари секој нареден час. Зона Ц 30 денари паркирање цел ден.

Наплатата на паркинг услугите ќе се врши во период од 7-21 часот од понеделник до сабота. За време на недела и државни празници нема да се наплаќа услуга за паркирање.

За сите дополнителни прашања и информации кои се однесуваат на режимот, наплатата и регулирањето на зонското паркирање, граѓаните можат да добијат информации на телефонскиот број  047 222 999,наe-mail: [email protected], или во просториите на ЈППЈЛП Битола на ул. Солунска 83-а Битола.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close