Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа – Соработката со ОН и ФАО е клучна за модернизација на земјоделието

Модернизација на агро прехрамбениот сектор

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествуваше на Првиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации за периодот 2026–2030 година.

На состанокот беа презентирани резултатите постигнати во 2025 година со поддршка на Обединетите нации, како и планираните активности и приоритети во Заедничкиот работен план за 2026 година.

Во рамки на дискусијата, заменик-министерот Хоџа го нагласи значењето на соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), особено во областите на консолидација на земјоделското земјиште, дигитализација на земјоделството, безбедност на храната, здравје на животните, управување со природните ресурси и справување со климатските предизвици.

Соработката со ФАО и останатите агенции на Обединетите нации продолжува да дава значаен придонес во модернизацијата на агро-прехранбениот сектор, руралниот развој и јакнењето на институционалните капацитети.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува посветено на понатамошно продлабочување на партнерството со меѓународните организации и спроведување политики кои придонесуваат за развојот на земјоделскиот сектор и подобрување на условите за живот во руралните средини.

Поврзани новости

Back to top button