fbpx
ВестиТоп вести

OД ОВА МОЖЕ ДОБРО ДА СЕ ЖИВЕЕ: Цели 25 години сади лековити билки

Горан Јукиќ од Ваљево повеќе од 25 години се занимава со собирање и одгледување на лековити билки, пишува српски Курир.

Вели дека сега има експанзија за здрави намирници, а многу од нив одат за извоз.

„Секогаш нешто е во мода, прво беа билки од Јужна Америка, па од Кина, па сега се популарни оние од Русија. Луѓето ќе прочитаат нешто и веднаш доаѓаат да го бараат“, вели Јукиќ.

Миодраг Јовановиќ кој живее во околината на Лозница, се занимава со оваа работа, иако зема пензија, и претходно бил водоинсталатер.

Поради новата работа од декември до април, тој повеќе е на дрво отколку на земја.

Собира плодови од паразитската билка, бела имела, кои имаат лековити својства.

Најчесто ја наоѓа на јаболка и сливи.

„Секој ден берам, продавам по стотина килограми и тоа ми носи заработка“, вели тој.

Во Србија 5.000 хектари земја се засадени со лековити билки. Килограм од некоја лековита билка се продава од 300 до 500 динари.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close