fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од полноќ поевтинување на горивата

Според одлуката на РКЕ, еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава за 82 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар, а литар дизел ќе се продава за 73 денари

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот се намалуваат за половина денар за литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), литар еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава за 82 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар, а литар дизел ќе се продава за 73 денари.

За еден денар од ноќеска поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 72 денари за литар. Цената на килограм мазут, пак, се зголемува за 0,756 денари и ќе се продава за 43,209 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close