вестиТоп вести

Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација

 

„Зелена берза“ со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија

 

Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација

Соодветната положба и улога на руралната жена во заедницата игра големо значење за одржлив и стабилен развој на самите рурални средини. Воспоставувањето на еднакви можности и услови по родова основа е неопхoдно за создавање на одржлив развој на руралните средини. Целосната вклученост на жените е од особено значење во воспоставувањето на одржлива социјална структура на руралните заедници и ревитализација на локалната економија.

Ова се само дел од насоките кои произлегуваат од Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2014 – 2020, поради што неопходно е континуирано, преку конкретни мерки и активности да се работи на подобрување на улогата на жените во руралните средини и пристапот до мерките за поддршка, а со тоа и надминување на сите стереотипи и дискриминаторски  облици на однесување кон руралната жена.

Ставајќи ги во функција на подобрување на состојбите и исполнување на препораките, „Зелена берза“, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, започнува со имплементација на проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација“. Со цел, подобрување на положбата на руралната жена, „Зелена берза“, станува дел од проектните активности на Концептот за Учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ, во насока на зголемување на протокот на информациите и подобрување на разбирањето на граѓаните на реформските процеси во текот на пристапувањето во ЕУ, каде проектните активности треба да бидат насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за важноста за забрзување на процесот на пристапување и да имаат подобри капацитети за разбирање на реформските процеси за европеизирање на општеството.

Целта на проектот е да придонесе кон надминување на стереотипите кои се однесуваат на дискриминација на руралната жена, издигнувајќи ја истата до ниво на успешен претприемач, притоа придонесувајќи за зголемен ангажман на Владата на РСМ и МТСП кон имплементација на конкретни мерки за подобрување на статусот на руралната жена, како и нејзино активно вклучување во социо – културниот живот.

Преку добивање на конкретни податоци за актуелизација на прашањето за надминување на дискриминацијата на руралната жена, ќе се овозможи едукација за нејзините темелни права, активно вклучување на руралната жена во конкретни активности, како и мотивирање на руралната жена да стане успешен претприемач. Се ова е во насока и на подобрување на состојбите воопшто, преку одржливост и функционалност на руралните средини.

Каква е моменталната состојба со жените во руралните средини?„Зелена берза“ на терен во потрага по одговорот!

Содржините на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија

Христина Фуна – Главен и одговорен уредник

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close