ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДОЦНА ЗЕЛКА СО УПОТРЕБА НА ПОДОБРУВАЧ НА ПОЧВА ТЕРАГРАМИН

(Oвој напис е објавен на: May 7, 2019)

Крајот на јуни и првата половина на јули е вистинското време за садење на доцната или дополнителна зелка. Оптималното време за производство на расад за доцна зелка е од 20 јуни до 20 јули. Во Република Македонија времето за подготовка на расадот за зелка е варира од регион до регион.

Во Струмичкиот регион расадот се подготвува во периодот од 20 јуни до 5 јули, а расадувањето на готовиот расад во зависност од хибридот се сади од 20 јули до 15 август.

Во Гевгелискиор регион, Богданци и Валандово расадот се подготвува во периодот од 1 до 10 јули, а расадувањето на нива се врши во периодот од 1 до 10 август, најдоцна до 15 август.

Во Дојранскиот регион расадот се подготвува во периодот од 20 јуни до 6 јули, а расадувањето на нива во периодот од 1 до 10 август.

Доцната зелка доаѓа на второ место во плодоредот и се сади на местото на културите кои го завршиле својот вегетативен циклус. Најдобри преткултури за доцната зелка се грашокот, тиквата и житариците.

Зелката за својот развој бара плодни и структурни почви со континуирано присуство на влага во површинскиот слој поради својот плиток и разгранет коренов систем.

ПОДГОТОВКА НА СМЕСКАТА ЗА РАСАД НА ЗЕЛКА

При подготовката на расадот, најдобро е да се измеша супстратот со 20% подобрувач на својства на почва Тераграмин, односно на 40 л супстрат да се додадат 10 кг Тераграмин, а потоа со оваа смеска да се наполнат контејнерите за расад. Со употребата на Тераграмин се овозможува побрзо проникнување на семето, подобар развој на младото растение, бидејќи подобрувачот на почва влијае позитивно на водно-воздушниот и топлотниот режим.

ПОДГОТОВКА НА ПОЧВАТА ЗА САДЕЊЕ НА ГОТОВИОТ РАСАД

Најпрво почвата треба да се исчисти од остатоците на преткултурата, потоа да се изврши орање на длабочина од 20 до 25 см. За да се подобри структурноста на почвата по орањето се додава подобрувач на почва Тераграмин во количина од 2 до 4 кг/м2 и се фрезира, за негово инкорпорирање во почвата. Аплицирањето на Тераграмин може да се изврши и пред садењето на зелката во самите редови. Потребната количина на Тераграмин за овој начин на аплицирање се добива кога ќе се помножи должината со ширината на редот за да се добие квадратурата и таа се множи со количина Тераграмин од 2 до 4 кг/м2 зависно од културата и видот на почвата. На пример: должина на ред 100 м х ширина на ред 0,5 м = 50м2 х 2-4 кг Тераграмин = 100 – 200 кг.

Зелката обично се сади во редови на растојание во редот од 30 до 40 см, а помеѓу редовите растојанието е од 50 до 60 см. Садењето се врши во ископана дупка на длабочина од 15 см, во која се додава ѓубриво и се залева со 1 литар вода. Добро е во ископаната дупка да се додаде 1 лажица Тераграмин. Садниците на доцната зелка се садат длабоко, до котиледонските листови. Овој начин на садење се применува на мали површини, додека на поголеми истата операција се извршува машински.

Со употребата на Тераграмин при одгледување на доцната зелка се подобруваат условите за развој и раст на зелката, се регулира рН вредноста на почвата, се овозможува континуирана влажност на почвата бидејќи со своето својство да впива и до 60% течности во себе ( тука се мисли на водата за наводнување со растворените ѓубрива) и постепено да ги испушта кон кореновиот систем, се постигнува поекономично искористување на ѓубривата и водата и се овозможува оптимален развој на растенијата.

 

 

Зелена берза

 

Share Button