fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Корисни препораки за примена на Тераграмин

Пресадување на готовиот расад 

Готовиот расад произведен во текот на зимските месеци во месец февруари во регионите каде што подоминантно се произведуваат пролетни раноградинарски култури веќе се пресадува. Наша препорака е при подготовката на почвата на која ќе се засади расадот на затворено истата да се истретира со Тераграмин во количина од 2 кг/м2 на следниов начин: откако механичката обработка на почвата е завршена и основното ѓубриво е нанесено, се расфрла рамномерно по целата површина Тераграмин и се внимава да се нанесат 2 кг на м2. На помали површини Тераграмин може да се нанесе рачно со негово растурање во редовите за садење, а кај поголеми површини, Тераграмин се нанесеува со ѓубре-растурач.

Потоа се врши фрезирање на почвата за да се внесеТераграмин-от, како и основното ѓубриво во корисниот слој. Со овој начин на подготовка на почвата се постигнуваат оптимални услови на почвата и таа е подготвена за пресадување на расадот. Подлогата на која ќе се пресадува расадот ќе има подобрена физичка структура, зголемен капацитет за апсорпција на водата и растворените ѓубрива и подобро искористување на истите од страна на растенијата, а ќе биде зголемена и аерацијата и температурата на почвата. Сето ова ќе придонесе за подобро адаптирање на расадот на новата средина и отпорност на биотски и абиотски шокови, побрз раст и развој, зголемен принос и квалитет на крајниот производ.

Подигање нови овошни насади

Овој период од годината во нашите краишта се користи и за подигање на нови овошни насади. За земјоделците кои ќе подигаат нови овошни и јаткасти насади битно е дазнаат на кој начин правилно да го применат Тераграмин при садењето. По садно место се употребуваат 0,5 кг во самата дупка, заедно со ѓубривото, а 2,5 кг треба да се измешаат со почвата за затрупување. Тераграмин-от употребен на овој начин ќе ја разровка земјата и ќе му овозможи на растението под обровкоренување.

Поради својството на Тераграмин да апсорбира 60% течност, ќе овозможи подобра снабденост и искористување на влагата и хранливите елементи од ѓубривата и ефектот ќе се забележи на растот и развојот на садниците.  Доколку садниците се веќе посадени, се третираат со Тераграмин на начин што се окопува околу растението и се формира прстен во кој се ставаат 5 кг Тераграмин и се затрупува со земја. Тераграмин може непречено да се користи и за третирање садници при органско одгледување.

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close