ВестиМакедонијаТоп вести
Одложена кампањата за ИПАРД Програмата 2014 -2020
Почитувајќи ги препораките и издадените забрани, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Телото за управување со ИПАРД фондовите известуваат дека кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020 нема да продолжи со инфо караванот во наредните 14 дена.
Последните одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во врска со корона вирусот, се однесуваат и на забрана на сите собири на отворено и затворено.
Извор: Министерство за земјоделство