fbpx
Вести

Одобрена субвенција од 3 денари по килограм за индустриски јаболка

Условот за добивање на оваа нова субвенција е родот да биде предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм.

На 93-та седница Владата донесе одлука за воведување нова интервентна субвенција за производителите на јаболка, соопштуваат од Владата.

Имено, оние производителите коишто ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.

Условот за добивање на оваа нова субвенција е родот да биде предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм. Владата ја донесе оваа одлука со цел да им излезе во пресрет на производителите на јаболка особено на оние во преспанскиот регион, коишто претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди.


 

slobodenpecat

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close