fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиИнтервјуаЛов и риболовМакедонија

Одземени 24 крави од фармер затоа што биле валкани?!-Нов закон во Словенија

Ги остави без зборови јавноста и сточарите на Балканот

Четири дена откако во Словенија стапи во сила измената на Законот за заштита на животните, со која инспекторите може да ги одземат доколку се открие дека одгледувачите ги чуваат во нехумани услови, од еден фармер биле одземени 24 крави, пренесува порталот „Агроклуб“. Имено, минатата недела во село до Кршко ветеринарниот инспектор без никаква најава и предупредување одзел 24 говеда од фармата на семејството Можган. Според официјалното соопштение, животните биле наводно запуштени, пренесува „Моја Долењска“, објави Политика.рс.

Но, она што следеше ги остави без зборови јавноста и сточарите низ Словенија, но и во соседството. Во извештајот од увидот за одземањето наводно не е наведено што точно сторил одгледувачот, ниту пак колку животни се одземени. Порталот наведува дека сопственикот бил шокиран и негира дека животните биле запуштени, а тоа што биле калливи го оправдува неповолното време, односно честите и обилни врнежи во околината. „Ние не одгледуваме крави за да ги мачиме“, вели Можган, сопственик на стадо од 50.000 евра.

Во локалната Агенција за безбедност на храна за медиумите кусо изјавија дека добитокот е ограден во мал одвод, дека просторот е многу каллив, без пристап до вода и храна. Весникот забележува дека целиот случај добил и политичка конотација бидејќи инспекторот кој наредил конфискација на животните летово бил кандидат за нов директор на словенечката управа за безбедност на храна, ветеринарна медицина и заштита на растенијата.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close