Оглас за закуп на земјоделско земјиште до три хектари
Земјоделците имаат уште три недели да аплицираат за државно змејодлеско земјиште до три хектари.
Повикот се однесува на секоја слободна државна парцела, заинтересирани треба самоиницијативно да пројават интерес да подготват геодетски елаборат и да достават потребна документација. Единстевн услов е земјиштето кое го сакаат да не е предмет на денационализација или да не е веќе дадено под закуп.
„Овој јавен повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта на овој повик е да го ставиме во функција целото расположливо земјоделско земјиште, особено оние парцели што не се атрактивни и што се со понизок квалитет од 4,5,6,7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство. На овој начин создаваме поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште“, изјави министерот Николовски.
Земјиштето кое ќе биде дадено под закуп треба да се користи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, маслинарници, ливади, рибници, рурален туризам.
Истовремено, државата ќе ги арскинува договорите и со оние кои зеле земја под закуп а не плаќаат за тоа. Досега се раскинати 212 договори.
Тече рокот и за аплицирање за земјиште над 3 хектари кое ќе биде наменето за инвестиции во земјоделството.