fbpx
ВестиТоп вести

Тетовскиот грав ќе го нема и на тетовските трпези

 

Тетовскиот грав, производ кој завршуваше на секоја втора трпеза во земјите од поранешна Југославија, и ја хранеше цела Југословенска народна армија и вработените од големите фирми, сега го нема ни на трпезите на тетовци.Производителите на овој тетовски бренд, велат дека секоја година ги намалуваат површините засадени со тетовски грав, па можно е овој далеку познат производ еден ден да исчезне. Причините се разни, од немањето пласман, нелојална конкуренција, сушата како и штетниците кои го уништуваат овој род во текот на неговото созревање.  

-Тетовскиот грав  е надалеку познат, затоа велиме дека тој е наш бренд. Го знаат во цела Југоисточна Европа. Да не зборуваме  во земјите од поранешна Југославија. На времето таму со шлепери се извезуваше, имаше војска и цела ЈНА се хранеше од нашиот грав. Нашите големи фирми, земаа од тетовскиот грав, сега нема ништо. Никој не го заштитува нашиот производ. Се увезува неконтролирано грав, претежно од азиските земји, и истиот се продава како да е тетовски, тука треба инспекцијата малку повеќе да ја преземе контролата во свои раце. Исто нема и пласман за нашиот производ. Исто така нашиот град го јадат многу штетници, мора науката да види како да го заштитиме нашиот производ,  вели Сречко Анчевски производител на грав од тетовско Доброште.
Со цел промовирање на гравот тетовец,во тетовско Теарце  се одржа десетта по ред традиционална манифестација ден на гравот. На манифестација присуствуваа 500 – тини лица од Македонија и соседно Косово. Таа од година вгодина е се побројна, но за жал проблемите со тетовскиот грав се зголемуваат.

-Нашата цел е да го промовираме производот, а на централните и градските власти е да преземат нешто со овој тетовски бренд, вели Лазар Ѓорѓески од Центарот за едукација и развој кои ја организираа оваа манифестација.

 

На денот на манифестацијата имаше подготвено вкусно тетовско гравче за сите присутни.  Готвачот Мирко Ѓорѓески, вели дека тајната на вкусниот тетовски грав е во целовитоста на зрното кое додека се вари  не се одвојува од лушпата. Но за да имаме вкусно гравче треба да имаме и квалитетен род кој годинава не се погодил, поради големата суша.

-Имавме голема суша годинава, а на гравот му треба вода, ни секнаа извориштата и затоа не добивме вкусен род. Но со некоие марифети ќе гледаме да го подготвиме гравчето на најубав можен начин, вели готвачот Ѓорѓески.
 
Затоа што ретко кој го засадува овој производ, поради проблемите со кои се соочуваат земјоделците, тетовското гравче го има во мали количини, па затоа неговата цена достигнува и до 300 денари од килограм.
Зоран Димовски

Слични написи

Back to top button
Close