fbpx
Вести

Охридските земјоделци претрпеле штети од над 330 илјади евра поради мразот и ниските температури

Над 330.000 евра или точно 20.770.199 денари изнесува вкупната проценета вредност на штетите, кои ги претрпеле охридските земјоделци поради мразот, сланата и ниските температури кои го зафатија подрачјето на општина Охрид на 25-ти април 2016 година.

ohridskite zemjodelci pretrpele shteti od nad 330 iljadi evra poradi mrazot i niskite temperaturi

 

Елаборатот за проценка на штети и утврдување на висината на штетата настаната од оваа природна непогода, денеска беше изгласан од страна на охридските советници во рамки на 55-та седница на Советот.

-Согласно законската регулатива како одговорна локална самоуправа во период од два месеци од настанување на штетата веќе сме подготвени истата да ја доставиме на одобрување до Владата на Република Македонија. Имавме голем број на барања што значи имаше многу штети од оваа елементарна непогода и општинската комисија за проценка на штети навремено и доста успешно си ја заврши својата работа. Елаборатот е законска обврска на општина Охрид и од 2001 година навака согласно законската одлука донесена од Собранието на Република Македонија, општините се вклучени во процесот на проценка на штети, рече Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.

Според него осигурувањето на земјоделските поседите е лична одлука на земјоделците.

-Како што сите ние осигуруваме други предмети, движни и недвижни, во рамки на осигурителните компании така и земјоделците се должни да ги осигураат имотите се со цел сопствениот род да биде заштитен. Тука апсолутно помага и Владата преку директна субвенција во овој дел и ние тука немаме никаква надлежност освен што можеме да дадеме една силна поддршка на ваквата земјоделска политика, нагласи Спасески.

Според податоците од Елаборатот, по мразевите и сланата од 25-ти април, барање за надомесет од штети поднеле 110 регистрирани земјоделци од подрачјето на Охрид и селата Лескоец, Косел, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Ливоишта, Вапила, Велгошти и Трпејца.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close