fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Охридско езеро се порибува со пастрмка, а Преспанско и Дојранско со крап

Вложивме 1,5 милиони денари во одржување на популацијата на Охридската пастрмка во Охридско езеро. Со реализацијата на активностите за изведување на вештачкиот мрест во Охридско езеро, се надевам дека ќе се обезбеди предвидената количина на подмладок од охридска пастрмка и успешно ќе се пориби езерото во 2024 година – истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски при посетата на регистрираниот репроцентар „Шум“ во Струга кој работи во рамките на Институтот за сточарство и рибарство – Скопје.

Трите природни езера во Македонија годинава ќе бидат порибени, за што во буџетот на Министерството за земјоделство се испланирани 3,6 милиони денари.

За порибување на Охридско Езеро со подмладок од охридска пастрмка се предвидени 3 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 600 илјади денари, објави Вечер прес.

– Оваа година со 300.000 единки подмладок охридска пастрмка добиен од колекционираната икра од реализираниот вештачки мрест го порибуваме Охридското езеро. Вложивме 1,5 милиони денари во одржување на популацијата на Охридската пастрмка во Охридско езеро. Со реализацијата на активностите за изведување на вештачкиот мрест во Охридско езеро, се надевам дека ќе се обезбеди предвидената количина на подмладок од охридска пастрмка и успешно ќе се пориби езерото во 2024 година – истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски при посетата на регистрираниот репроцентар „Шум“ во Струга кој работи во рамките на Институтот за сточарство и рибарство – Скопје.

Инаку, финансиската поддршка за рибарството за 2024 година за оваа година изнесува 90 милиони денари. Освен за порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците, најголемиот дел од парите се планира да се искористат за потребите на аквакултурата и за преработка на рибите. За аквакултурата е предвидена финансиска поддршка од 26,7 милиони денари за 60 проценти од вложувањата, како и за порибителен материјал и инвестиции во преработувачките капацитети во висина од 50 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок. Вкупната вредност на исплатени финансиски средства за инвестиции во аквакултурата не може да го надмине износот од 1,5 милиони денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close