fbpx
ВестиЛов и риболов

Охридското езеро порибено со јагула

Охридското Езеро вчера беше порибено со околу 30.000 парчиња подмладок од јагула со големина од 25 до 40 грама од АД ЕЛЕМ во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ohridskoto ezero poribeno so jagula

 

Порибувањето се изврши  на пет локаци, во Радожда, Калишта, во близина на градското крајбрежје и во охридскиот дел кај одмаралиштето „Андон Дуков“ и во близина на Свети Јован Канео.

Директорот на подружницата на ЕЛЕМ, ХЕЦ „Црн Дрим“ Тони Маркоски посочи дека компанијата ја продолжува традицијата со порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула, поради попречувањето на патот за природен мрест на јагулата со изградба на електраните.

-АД ЕЛЕМ продолжува традиционално да го порибува Охридското Езеро со подмладок од јагула.  Обврската почнала уште во далечната 1965 година кога е изградена електраната Глобочица и не се направени патишта за јагулата која се враќа од Јадранско море преку реката Црн Дрим во Охридско Езеро. Со изградбата на Шпиље подмладокот што доаѓал во електраната се собирал и се фрлал во водите на езерото, појасни Маркоски.

jkjghjghjh

Според него, надминат е проблемот поради кој пет години не се извршило порибување со јагула иако ЕЛЕМ постојано одвојувал средства и објавувал тендери, кои биле неуспешни.

-Лани се надмина овој проблем, склучивме договор со компанијата „Преспа Стар“ која и порано вршела порибување и еве ќе се реализира овој договор. Во наредниод период АД ЕЛЕМ ќе реализира дополнително порибување од околу два тони нова риба со што ќе се надополни испуштеното од минатите години и традицијата ќе продолжи и во иднина, нагласи Маркоски.

Претставникот од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Зекир Положани истакна дека вршат контроли и водат сметка за квалитетот и квантитетот на младите единки што треба да се фрлат во езерото.

-Водиме сметка и вршиме контроли врз квалитетот и квантитетот на рибниот фонд и младите единки што треба да се фрлат во овој еко систем. Јагула има и сега ќе се фрлат околу 30.000 единки кои имаат идеални услови да се развиваат во Охридското Езеро, истакна Положани.

Според концесионерот за заловување јагули во Струшкиот дел на Охридското Езеро, Милорад Шапкоски, последните години рибниот фонд на јагула е намален.

-Ја поздравуваме акцијата на ЕЛЕМ за порибувањето на езерото со млади единки. ЕУ имаше забрана за влез и излез на јагула за земји што не се членки и затоа не се порибувало неколку години. Имаме проблеми со рибокрадците, но тие не се главна причина за намалување на рибниот фонд. Проблем беше што изминатите 10 години имаше забрана, езерото немаше сопственик, но сега со концесијата мислам дека овој проблем ќе биде решен, изјави Шапкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close