Во општина Могила 130 земјоделци поднеле барање за штета од невреме 

(Oвој напис е објавен на: July 5, 2019)

До комисијата за природни елементарни непогоди во Општина Могила поднесени  се 130 барања од земјоделци кои претрпеа штета од невремето што ја зафати оваа општина. Во невремето од силен дожд и град направена е штета на површина од 300 ха. Општинската комисија излезе на терен за да направи увид врз направените штети.

„Ќе биде извршен увид за сит поднесени барања од земјоделците и ќе постапуваме согласно законските надлежности на општината, вели Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.

Во период од две седмици општината четири пати ја зафати невреме со дожд и град. Во општинската комисија за пријавување на штети е продолжен рокот за пријавување, вели Кире Николовски, член на оваа комисија.

„ До комисијата поднесени се 130 барања од земјоделци што претрпеле штета. Најмногу настрадаа пченицата, пченката, бостанот, пиперот и тутунот. Некои култури се 100%  уништени. Кај пченицата  се забележани штети од 90 – 100%, а кај пиперот од 60 -70%. Комисијата  ќе направи увид на штетите  по сите доставени барања. По направениот увид комисијата ќе изработи елаборат за направените штети и ќе го достави Комисијата за штети во Владата на  Македонија“, изјави Николовски.

Најмногу барања доставиле земјоделци од с.Добрушево, а поднеле барања и земјоделци  од селата Ношпал, Мусинци, Алинци, Трап и Будаково. Нанесените штети се огромни. Земјоделците се надеваат дека надлежните ќе им помогнат загубите полесно да ги претрпат.  Дали и колку ќе им биде  надоместена претрпената штета ќе зависи од Владата.

П. Јовановска

Share Button