fbpx
ВестиТоп вести

Олово, магнезиум и жива откриени во внатрешни органи на диви животни

Олово, магнезиум, кадмиум и жива се само дел од тешките метали што лани се откриени во внатрешните органи на уловениот дивеч. Во Агенцијата за храна велат дека станува збор за количества што може штетно да влијаат за здравјето на луѓето и затоа препорачуваат да не се јадат органите, особено црниот дроб. Од каде загадување со олово и жива не се знае бидејќи станувало збор за диви животни што се хранат во природата со различна храна и поминуваат по неколку километри дневно во потрага по неа. Во извештајот на Агенцијата стои дека високи количества тешки метали покажуваат нивните анализи последниве пет години и според нив секоја година откриеното количество е повисоко од претходната. Испитувањата покажале дека најконтаминирани со олово се животните во Прилеп и Kуманово, а најмногу кадмиум има во Велес и Гевгелија.

olovo magnezium i zhiva otkrieni vo vnatreshni organi na divi zhivotni

 

Најзагаден црниот дроб

Во Агенцијата велат дека анализите се правени во овластена лабораторија со акредитирани методи.

– Точно е дека во внатрешните органи имаме позитивно присуство на тешки метали. Од каде што доаѓа оловото или кадмиумот, но и живата не знаеме бидејќи сепак станува збор за материи што ги има во природата од која се храни и дивечот – вели Абдулезел Догани, заменик на директорот на Агенцијата за храна. Анализата е направена за период од пет години, при што во предвид е земен само бројот на уловени диви животни во однос на бројот на добиените позитивни резултати за присуство на тешки метали, кадмиум, олово и жива. При анализата не се земени предвид податоците за присуство на жива во дивите животни бидејќи за живата нема определено минимална дозволена концентрација.

– Лабораториската анализа е направена во соработка со овластената лабораторија за испитување, а најчесто испитуван е црниот дроб. Од направената анализа од добиените податоци, за секоја година поодделно како и за сите години заедно, се наметнува заклучок дена од година на година процентот на контаминација со тешки метали во дивите животни е с` поголем. Според тоа, постои ризик за употребата на внатрешните органи од уловените диви животни и истите не се безбедни за човечка консумација – стои во извештајот на Агенцијата.

Опасни и кравите со маститис

Според експертите, многу треба да се внимава и со употреба на месо од домашни животни.

– Болеста која најчесто е предизвикана кај човекот од труење со храна, се должи на интоксикација предизвикана со стафилококни ентеротоксини. Стафилококус ауреус или често нарекуван „златен стафилокок“, произведува голем број на токсини кои се одговорни за труењата поврзани со оваа бактерија. Kонтаминацијата на храната може да потекнува и од животните, најчесто тоа е контаминација на млекото од крави со маститис – велат во Агенцијата.

Според неа случаите на стафилококна интоксикација се следат преку задолжително пријавување на труењата со храна. Треба да се има предвид дека многу од труењата посебно оние кои се јавуваат во фамилиите се непријавени и не се дијагностицирани.

– Стафилококус ауреус е голем глобален проблем на јавното здравје но може да биде проблем и за безбедноста на храната. Во одделни извештаи е документирано дека стадата свињи се важен резервоар за оваа бактерија. Затоа треба многу да се внимава при колење на свињите и при нејзино пренесување низ процесот на производство на свинско месо- велат експертите.

Според нив контаминација може да се случи преку површината на машините за обработка како резултат на фекална контаминација во случаи на вадење на дробот, или преку зголемена употреба на човечки фактор при преработката на месото.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close