fbpx
Вести

Опасност од целосно исчезнување на бананите

Времињата кога во секое време од годината можеме да купиме банани во продавниците и на пазарите, наскоро би можеле да станат минато, бидејќи ова тропско овошје е нападнато од паразит, кој се заканува со целосно уништување на насадите, објави италијанскиот весник „Стампа“.

opasnost od celosno ischeznuvanje na bananite

Весникот наведува дека масовната конзумација на банините започнала во 19-от век, кога од дивите насади во Централна Америка е добиена една култивирана сорта на ова овошје, наречена „Гро Мишел“, која им се нуделa на потрошувачите ширум светот.

– Но, како што често се случува кога се одгледува изобилство на генетички идентични култури, појавата на еден паразит може да има катастрофални последици по нив – наведува „Стампа“.

Така во 20-те години на 20 век цели плантажи со сортата банани „Гро Мишел“ биле уништени од т.н. панамска болест, поради што во следните две децении бананите исчезнале од трпезите на европските и американските потрошувачи.

Во 50-те години на минатиот век уништената сорта „Гро Мишел“ е заменета со нова култивирана сорта банани „Кеведиш“, чии плодови се помали и помалку слатки и миризливи, но поотпорни на габичните паразити. Денес на оваа сорта отпаѓа околу 99 проценти од вкупното производство на банани во светот.

Но, сега се појави нов паразит наречен „црна сигатока“, која ја уништува сортата „Кевендиш“. Паразитот во почетокот бил уништуван со постојани масовни дози на пестициди, што ги правеше бананите „Кевендиш“ едни од најтретираните земјоделски култури во светот. Меѓутоа, паразитот мутирал и станува отпорен на пестицидите.

Според агрономите, овој паразит би можел да уништи околу 50 проценти од овогодишната реколта на банани. Досега се уништени околу 10.000 хектари под насади со банани во Австралија, Азија и Африка, а според експертите прашање на време е кога паразитот ќе се прошири и во Јужна и Средна Америка.

Доколку тоа се случи, бананите какви што денес ги познаваме во блиска иднина би можеле да исчезнат од лицето на земјата, наведува „Стампа“.

– Засега не е добиена нова хибридна сорта на банани која би ја заменила „Кевендиш“ – изјави за весникот професорот од холандскиот универзитет „Вагенинген“, Герт Кема.

Тој смета дека на светот му се потребни неколку сорти банани, со цел да се избегне ново уништување на некој идна монокултура од ова овошје на глобален план.

Според Емил Фризон од организацијата „Биодивезити интернешанл“, направен е обид за добивања нова сорта со запрашување на 30.000 насади со диви банани, од кои се добиени 440 тони плодoви. Од нив се добиени само 15 семиња од новата хибридна сорта, од кои само пет дале нови насади.

– Но, ако исчезнувањето на бананите за Европејците би значело загуба на едно популарно овошје, за милиони жители на Африка, Азија и Јужна Америка, тоа ќе зна;и драматична загуба на едно од нивните основини прехранбени продукти – заклучува „Стампа“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close