![tri medali za vinata na stobi](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/tri-medali-za-vinata-na-stobi.jpg)
Македонската винарница „Стоби“ освои три бронзени медали, а две вина го добија знакот „препорачано“ на еден од најголемите и највлијателните светски вински натпревари „Декантер“.
„Вердо“, „Аминта“ и „Акација“ кои се и дел од новата линија „приватна резерва“ на винарницата добија бронзени медали, а „Аксиос“ и „Веритас“ беа препорачани од реномираното жири.
„Декантер“ е натпревар на кој се собираат стотици познавачи на виното, а учествуваат и огромен број производители од цел свет. Овие награди во голем размер придонесуваат за популаризација на вината и уживаат сериозна репутација.