fbpx
ВестиЕкологијаМакедонијаРурален туризамТоп вести

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност (репортажа)

Ако во минатото важело непишаното правило дека преку работните денови на Попова Шапка има помалку посетители, оваа сезона е сосема спротивното. Сега секојдневно има можеби илјадници посетители со оглед на паѓањето на поголемата снежна покривка, новогодишните празници, но и состојбата со пандемијата која не дозволува туризам во странски држави.

Ако во минатото важело непишаното правило дека преку работните денови на Попова Шапка има помалку посетители, оваа сезона е сосема спротивното. Сега секојдневно има можеби илјадници посетители со оглед на паѓањето на поголемата снежна покривка, новогодишните празници, но и состојбата со пандемијата која не дозволува туризам во странски држави.

Снегот, чистиот воздух, сончевата топлина и прекрасната природа е она за што сите доаѓаат на Шар Планина и нејзиниот скијачко-рекреативен центар Попова Шапка, но од друга страна страна концентрацијата на голем број луѓе кои доаѓаат во исто време тука подразбира и предизвик со кој треба  тие да се соочат, како што долгите чекања во редици и колони.

Недостигот на паркинг места на Попова Шапка е причина полицијата на 3-4 километри пред влезот во ски центарот да го регулира сообраќајот. Полицајците го блокираат патот со нивно возило и на возачите им велат да ги паркираат возилата.  Се пропуштаат некои возила на сопственици на викендички кои си имаат паркинг места, но тоа секогаш е и причина за натегања на релација полицајци-возачи дури и на прагот на расправија околу тоа кој треба да го продолжи патот, а кој да го остави автомобилот паркиран на неколку километри од Попова Шапка.

Кога веќе мора да се паркира тука тоа подразбира и околу половина до еден час пешачење до ски-центарот.  Оние кои ги зеле и своите скии, мора сета опрема да ја носат на рамења и раце. Доколку е времето убаво со сонце, единствена „добра“ страна ако може да се каже така за оваа состојба е пешачење на чист воздух.  Родителите со мали деца се соочуваат со нешто повеќе опасност поради тоа што се движат на коловозна лента. Речиси сите се обидуваат да ги следат децата и нивните намери уште по пат да му се радуваат на снегот што го има покрај асфалтот. До Попова Шапка има и неколку ливади па снежното пространство претставува и можност за снежна детска забава. Дел од посетителите кои не сакаат да пешачат дури и тука остануваат за да им играат децата со санките или да прават снежни фигури.  

Долж патот возила има паркирано на двете страни. Дел од оние кога се обидуваат да излезат од тие колони треба да покажат и добри маневирачки способности за побезбедно да излезат од редицата и се вратат по патот и да се враќаат кон Тетово. Од регистерките таблици може да се види дека има дојдено луѓе од целата држава, а има и од Албанија и Косово.

Од главниот пат првата патека која директно води до скијачките терени е патеката кон двата хотела Сноу Патрол и Тетекс Арена, па претежно сите ја користат за што побргу стигнат до ски-лифтот Свети Илија. Покрај движењето на мнмогу луѓе тука се и оние со електрични санки за дополнителна гужва.

Во скијачкиот центар редиците се најголеми пред ски-лифтовите. Минатата година скијачите немаа можност тука да скијаат затоа што немаше снег, па можеби сега затоа трпеливо чекаа да купат ски -картида се извозат со скилифтот до повисоките делови од патеките за да се спуштат по белата покривка. Се чекаат редови дури и во угостителските објекти, како за маса, така и за земања  храна и пијалок за носење. Сите угостителски објекти се максимално исполнети, па чекањето за добивање  маса може да потрае и до еден час, а потребни се и десетина минути да се добие дури и кафе или чај во чаша за носење.

Годинава забележително се и редиците кај се поголемиот број на ски – школи за деца. Ги има и на оние од другите градови и ски центри каде нема снег.

И покрај ваквите проблеми за да се стигне до Попова Шапка не сретнавме луѓе кои се откажаа од доаѓањето до скијачките патеки. Сепак зимската идила составена од сончевите зраци, чистиот воздух и снегот се попривлечни за луѓето отколку состојбата во градовите од каде што доаѓаат, сега најчесто во магла, смог и загаден воздух.

На снежните патеки барем на неколку часа се забораваат сите предизиците околу доаѓањето но и воопшто проблемите на луѓето и пандемијата.  На снег и на сонце, ретко кој е без насмевка и среќен од престојот на планина во идилични зимски услови. На сите македонски дијалекти може да се слушнат разговорите за убавината на Шар Планина и престојот на снег, чист воздух и сонце.

Попова Шапка е полна со посетители како во најдобрите времиња во 80-тите и 90-ти години на минатиот век, па останува на раководството дали ќе ја искористи шансата да се претстави како добар домаќин и ќе ги задржи скијачите по отворањето на границите да не одат повторно во ски – центрите во Бугарија и Србија. 

На 17 декември беше овозможено да се користат ски-лифтовите откако неколку дена претходно наврна првата поголема снежна покривка се работеше на подготовка на ски-патеките со снеготапкачи (ратраци). Во функција беа жичарниците „Св. Илија“ и „Церипашина“ и ски – лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. „Церипашина“ е во прекин при одредени околности. Иако во февруари беше пуштена во употреба новата шестоседа жичница се уште ниту еден скијач не ја искористил оваа скијачка инфраструктура.

Ланскиот сезонски ски билет  важи и оваа скијачка сезона затоа што скијачите немаа можност да го искористат.  Дневниот билет, кој важи од 9 до 15:30 часот, се продава по цена од 1.000 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 15:30 часот, е 700 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, е 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари. Новина е можноста за туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час.

https://nezavisen.mk/kje-ja-iskoristi-li-godinava-maksimalno-popova-shapka-masovnata-posetenost-reportazha/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close