fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја. За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close