fbpx
ВестиТоп вести

Рамномерно се развиваат населените места во Општина Могила и се создаваат подобри услови за живот на сите граѓани

Трап ќе добие нова улица

Општина Могила во село Трап, започна со активности за асфалтирање на Крак1 во должина од 335 метри.

Оваа инвестиција изнесува 2.063.814,00 денари, од кои 1 милион денари се обезбедени од Агенцијата за поддршка, додека пак, остатокот е обезбеден од буџетот на Општина Могила.

Исчистена речна и каналска мрежа во должина од 50.000 метри

Во рамките на тековните активности на подружницата на АД Водостопанство-Битола, се изврши чистење на одводен канал во село Могила, со цел заштита на земјоделските парцели од поплави.

Изминатите години АД Водостопанство-Битола во Општина Могила има исчистено речна и каналска мрежа во должина од 50.000 метри. Во 2016 година се исчисти реката Шемница во должина од 1.300 метри. Во 2017 година, беше исчистена и реката Црна во должина од 24.000 метри што ги опфаќа општините Могила и Новаци.

Покрај речните корита, АД Водостопанство-Битола во Општина Могила ги има исчистено и пороите Слатина, Трап, Ивањевци и Трновци, одводните канали во селата Трап, Ивањевци, Трновци, Српци, Беранци, Свето Тодори, Ношпал, Долно Српци, одводниот канал и река во село Мусинци, Добрушевскиот одводен канал, како и одводниот канал на РЕК-Битола.

Се тампонираат улици во селото Вашарејца

Општина Могила на барање на жителите на месната заедница во село Вашарејца започна со санација на улици.

Извршено е чистење на улицата и тампонирање, со што неодамнешната слика на каллива, тешко проодна улица, денес прикажува една комплетно нова состојба.

Општина Могила со активности за спречување на ширење на коронавирусот

Општина Могила изврши дезинфекција на сите локални улици во 12 населени места во општината.

Градоначалничката Јасмина Гулевска упати благодарност до совесните земјоделци, кои волонтерски помaгаа во реализацијата на оваа активност се со цел поуспешно справување со превенцијата на коронавирусот во Општина Могила.

Покрај дезинфекција на улици, Општина Могила започна и со дезинфекција на автомобилите кои влегуваат на еден од најфреквентните влезови од општината.

Локалната самоуправа и во идниот период ќе продолжи со интензивни акции за дезинфекција, но потребно е и граѓаните да го редуцираат движењето и да го почитуваат полицискиот час.

Општина Могила заедно со државата помагаат кај земјоделците во овие тешки мигови

На сметките на земјоделци од Општина Могила кои во 2019 година претрпеа штети од невреме со град  во атарот на селото Дубрушево им беа исплатени средства како обесштетување од државата, информира Општина Могила.

На седницата на Владата на Република Северна Македонија одржана на 10 февруари 2020 година беше донесена Одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Р.С.Македонија за 2020 година. Со оваа Одлука на Општина Могила и се доделени финансиски средства во висина од 4.087.329 денари.

Општина Могила добиените средства ги уплати на сметките на 3 правни и 121 физички лица. Средствата се за градобитната 2019 година во атарот на село Добрушево.

Слични написи

Back to top button
Close