За успешно и квалитетно производство земјоделците ќе ги користат и современите информатички алатки

zemja

Покрај земјоделските машини и алати, од сега за успешно и квалитетно произвдство земјоделците ќе ги користат и современите информатички алатки. Квалитетот на почвата ќе го проверуваат со помош на агрохемискиот калкулатор, а сите потребни информации за употребата на пестициди ќе ги добиваат преку специјално креираната база на пестициди.  Се работи за проект  на центарот за електронско учење и на  земјоделскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев од Штип кој овозможува користење на модерните технологии во земјоделското производство.

,, Базата на пестициди освен култури ги вклучува патогените, односно болести, штетници и плевели кои што ги напаѓаат различните култури и нормално пестициди и активни компоненти, односно материи со помош на кои ќе се заштитат самите култури. Културите се поделени во четири категории.,, вели доц. д-р Емилија Арсов

,, Калкулаторот дава препораки во смисла дали почвата на која што се планира да се одгледува одредена киултура е слабо снабдена, сиромашна, добро снабдена или прекумерно снабдена со трите хранливи елементи.,, вели проф. д-р Фиданка Трајкова

Проектот  кој е насловен Развој на отворени образовни ресурси  и модули за земјоделство и рурален развој се реализира како дел од Еразмус плус програмата.

,, Цел на проектот е развој на човечки капацитети, развој на отворени едукативни ресурси и публикување на отворени мобилни апликации кои ќе можат сите земјоделци да ги користат.,, вели проф. д-р Зоран Здравев – координатор на проектот

Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува околу 150 000 евра, а се реализира во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството,  фередерацијата на органски производители на Македонија , аграрниот универзитет од Пловдив – Бугарија и Медитерански агрономски институт од Ханија – Грција.

 


 

сител.ком.мк