Основана е Фондацијата „Фондација Заев – едно општество за сите“- Зоран и Вице ќе го унапредуваат општеството и јавното здравје
Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица.
Основана е Фондацијата „Фондација Заев – едно општество за сите“, а како нејзини основачи се јавуваат екс премиерот Зоран Заев, заедно со неговиот брат Вице Заев, кој е бизнисмен, објави Фактор.
Оваа новина беше реализирана со регистрацијата во Централниот регистар на земјава, а беше најавувано уште од март оваа година.
Директор на фондацијата е Зоран Заев. Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица.
Цели на фондацијата се креирање на Заев социјално-хуманитарниа програма, Заев солидарно – инклузивна програма, Заев конгрес центар, Заев програма за животна средина, Заев академија на јавни политики, Заев спортско-рекреативна програма, Заев мото-рели.