Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Отчетот на Хоџа предизвика бурни реакции кај тутунарите
Министерот Хоџа: Пијам само вода, не се хранам со месо од бизон во кафеани, срамни се обвинувањата.
Бурни реакции предизвика кај тутунарите отчетот на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа кој вчера ги демантираше пишувањата во некои медиуми дека јадел и пиел без мерка, па наводно потрошени 22 илјади евра од почетокот на неговиот мандат. Во демантот меѓудругото напиша дека „Ваквиот срамен чин јас го разбирам само како СТРАВ од успехот кој заедно со мојот тим го постигнавме за многу кратко време. Очигледно дека тоа некому му пречи, рече Хоџа. .
Тутунарот Васко Јосифовски во Фб групата „Македонски тутунари пишува-
Баш ме интересира што тоа позитивно постигнал Хоџа со неговиот тим..
Се случи најлошата откупна сезона во историјата на лозарството..
3 денари кило грозје…
Се случи најлошата откупна сезона во историјата на оризопроизводството..
Се случи неисплаќање на субвенции на сточарите по сите основи..
За цените на млекото и јагнињата и да не зборувам..
Е сега, дојде на ред тутунопроизводството.. Грабеж, кражба на над 40 милиони евра од тутунарите, пишува Јосифовски, тутунар од Пелагонија, додавајќи – ако министерот е задолжен за уништување на земјоделието во сите сегменти , тогаш вреди да се пофали со успех.
-Можеш да негираш колку сакаш, ама тој што е навреден и има чиста совест не излегува со бевредно и неаргументирано демантирање, туку ќе поднесе пријава до Обвинителство за нарушени чест и углед и за клевета, пишува Јосифовски.
Тутунар пишува- Да, да, алал да ви е баш со тутунарите што направивте, треба во Гинис да ве стават.
Тутунар пишува -Си го згрешил томот, да не се повтори. Тим кој ги однесе тутуанрите до питачки стап. Само старите велат стапот има два краја.
Министерот Хоџа: Пијам само вода, не се хранам со месо од бизон во кафеани, срамни се обвинувањата!
Не сум човек кој во кафеана би се луксузирал, посебно не на државна сметка. На оние кои добро ме знаат, познато им е дека не пијам алкохол, во ресторан порачувам вода, не сум од оние кои се хранат со месо од бизон, ниту пак следам кулинарски хирови, ниту на моја, ниту пак на било чија сметка- вака за “Фокус” појаснува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.
Инаку според приложените документи Хоџа и кабинетот за периодот од октомври минатата година до 31 март годинава потрошиле околу 6.000 евра.
.