Откуп и продажба на земјоделски производи, трето тримесечје од 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 7.7% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 15.1%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 0.9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, фуражните растенија, овошјето, грозјето, млекото и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во јули, додека во август и септември е забележано зголемување.

Share Button