Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот
Стигнаа потпишаните анекси на договорите со зголемената цена на тутунот на 365 денари
До Сојузот на земјоделските здруженија стигнаа потпишаните анекси на договорите на откупните фирми во земјава со кои потврдија дека ја зголемија цената на тутунот на 365 денари. Сојузот ова го постави како услов до денеска да стигнат потпишаните анекси на компаниите, во спротивно нема да го дадат тутунот тасму каде што нема да се потпише и да се официјализира. Се чека потпишан анекс уште од „Сокотаб“.
-Стигнаа потпишаните анекси на договорите со зголемената цена на тутунот на 365 денари. Тоа веднаш го интензивираше откупот на тутунот. Самои вчера, по најавата се преземени дури 1000 тони тутун. Очекуваме откупот да се забрза и конечно да заврши голготата на тутунарите кои вотекот на откупната кампања постојано очекуваа зголемувањена цените, ни рече менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.
Николовски закажа нов состанок со откупувачите на 18 и 19 февруари во просториите на министерството за земјоделство за измени во Законот за тутун кои се неопходни за унапредување на тутунопроизводството како стратешка земјоделска гранка.https://nezavisen.mk/