fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Отпадоци во главниот канал на хидросистемот „Брегалница“ предизвикаа опасност од поплавување во Кочани

Со итна интервенција исчистени околу половина тон отпадоци

Граѓанска неодговорност предизвика опасност од излевање на водата од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“ и поплавување на куќи и други објекти кај Територијалната противпожарна единица во Кочани.

Фрлените отпадоци, остатоци од мебел, остатоци од домашни животни, пластична амбалажа и друг вид ѓубре ја затнаа решетката на каналот пред подземниот тунел и сериозно го покачија нивото на водата во каналот.

Вработените во водостопанската подружница од Кочани со итна интервенција исчистија околу половина тон отпадоци и спречија да дојде до поголема катастрофа.

-При интервенцијата беа извадени големи колични ѓубре, главно најлони што го попречуваа нормалниот проток на водата, па нивото во каналот се качи до критична точка. Ако не интервениравме на време, за половина час ќе беа поплавени дел од објектите во кругот на противпожарната единица и куќите што се близу до каналот. Повеќепати апелираме до граѓаните да не фрлаат отпадоци, но како што може да се види овде имаме извадено стари телевизори, најлони, ѓубришта, остатоци од вегетација што се фрлаат од бавчите, од кроење лозја, сето тоа се фрла во каналот. Имаме решетка за да не го пропушта ѓубрето, но штом се насоберат отпадоци на неа тоа претставува сериозен проблем, истакна Станче Стефанов од водостопанската подружница „Брегалница“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close