fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Отпадот од лозовите насади се претвора во енергија

Органскиот отпад од лозјата наместо да се гори може да се користи за повеќе намени, во Неготино денеска беше презентирана машина за балирање на отпад од лозови насади. Во присуство на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, беа промовирани досегашните резултати од проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“.

Органскиот отпад од лозјата наместо да се гори може да се користи за повеќе намени, во Неготино денеска беше презентирана машина за балирање на отпад од лозови насади. Во присуство на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, беа промовирани досегашните резултати од проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“.
Проектот се спроведува како дел од програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de, а се реализира со финансиска поддршка на германското Сојузно министерство за економска
соработка и развој (BMZ),  преку Германско друштво за меѓународна соработка, во партнерство со винаријата ,,Бовин” и Центарот за истражување и креирање политики.
Според организаторите на настанот, главната цел на проектот е идентификација на предусловите, институционални, правни и рамковни, за исплатлив третман и повторно искористување на органскиот отпад создаден на лозјата во Тиквешкиот регион, како и значително зголемување на количината на собраниот органски отпад како ресурс, со чијашто обработка ќе се овозможат економични ефекти.
Понатаму, целта на проектот е да се предложат соодветни технологии за третман на отпадот, кои ќе бидат пилотирани во рамки на проектните активности, како и изработка на бизнис модел кој ќе се сподели со сите заинтересирани јавни и приватни страни.
Циркуларната економија, како дел од зелената агенда за Западен Балкан, претставува централен столб на проектот и се очекува дека со имплементацијата на проектните активности, ќе се воспостават темели за воведување на овој концепт во Северна Македонија.
На денешниот настан, имаше формално претставување на процесот на собирање отпад од виновителози, со користење на роло машина, со која се оптимизира процесот на собирање и балирање на искастрените гранки, што понатаму ќе се користат како ресурс за добивање нови производи. Претставениот модел е атрактивен и може да биде основа за воспоставување соработка меѓу приватните компании и општините, со општинските јавни комунални претпријатија.
Настанот беше организиран под мотото „Отпадот е само отпад доколку не е обработен” – со циркуларна економиіа – до храна, енергија и други производи“.
Професор доктор Виолета Димовска од Земјоделскиот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип, појасни дека наместо да се гори отпадот од лозјата и да се загадува околината, може да се искористи за повеќе намени. Таа информираше дека станува збор за биомаса, што се добива со зимска резидба на едногодишни ластари и повеќегодишни делови од винова  лоза.
– Оваа растителна биомаса, може да се третира со машина за мулчирање, при што се ситнат остатоците и од лозата се враќаат во лозата како ѓубриво. Со ваква машина за балирање, пак, се прават бали што подоцна можат да се користат за брикети и пелети, за производство на енергија, соопшти професорката Димовска.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close