
Вести
Највисоко ниво на тревога поради епидемија на птичји грип
Првите случаи на заразата со вирусот Х5Н6 беа потврдени на 18 ноември во централниот дел од државата. Епидемијата брзо се прошири и притоа угинаа рекордни 16 милиони живина
Највисоко ниво на тревога објави Јужна Кореја поради епидемијата на птичји грип и одвои дополнителни средства за борба со болеста од која угинаа над 10 отсто од живината во државата.
Првите случаи на заразата со вирусот Х5Н6 беа потврдени на 18 ноември во централниот дел од државата. Епидемијата брзо се прошири и притоа угинаа рекордни 16 милиони живина.
Во 2014 година угинаа 14 милиони живина.
-Објавивме највисок степен на тревога во обид да ограничиме ширење на птичјиот грип, изјави министерот за земјоделство. Досега нема регистирано случаи на заразени луѓе со тој вирус.