Отворен повик за грантови за земјоделски задруги до 37 000 евра
Македонската асоцијација на земјоделски задруги го отвори повикот за грантови за постоечки и новоформирани земјоделски задруги, од северозападниот, североисточниот, југозападниот и Преспанскиот регион.
Задругите регистрирани во овие четири региони можат да аплицираат за грант до максимум 37 000 евра.
Според Асоцијацијата, на располагање се 260 000 евра кои ќе бидат доделени на овој повик.
Повикот за грантови е дел од активностите од ЕУ проектот „Конкурентни земјоделски задруги” што го имплементира Македонската асоцијација на земјоделски задруги заедно со Здружението за бизниси и консултанти Креација.
Вкупниот буџет на проектот е 500 000 евра, од кои 90 отсто се обезбедени од ЕУ преку ИПА програмата, а останатите 10 проценти се директно учество на проектниот конзорциум.
Рокот за аплицирање е до 10.11.2023 година, а деталите од повикот и целосната документација за аплицирање може да се прочитаат на: https://mazz.mk/novosti/otvoren-povik-za-grantovi-za-zemjodelski-zadrugi-do-37-000-evra/.