вестиМакедонијаТоп вести

Законот за канабис не е приоритет за пратениците, бизнисот трпи милионски штети

(Oвој напис е објавен на: јануари 23, 2020)

Законот за опојни дроги и психотропни супстанци кој денеска беше на дневен ред на матичната комисија за здравство во Собранието е одложена со образложение дека пратениците кои членуваат во оваа комисија се потребни за кворум на пленарната седница.

“Ова е многу несериозен  и понижувачки потег од страна на народните избраници кои си подигруваат  со судбината на бизнисмените кои решија да вложат огромни суми на пари и да ја развиваат оваа индустрија”, велат за Денар од здружението Макканабис.

Претседателот на здружението Костадин Дуковски вели дека, во однос на загубите, тие се сериозни бидејќи се работи за органска материја, која не трпи складирање. Доколку политичарите  не ги послушаат, сериозно ќе биде загрозена оваа индустриска дејност и ќе се намалат потребите од конзумирање на терапијата препишана со користење на канабисот во медицински цели, и тоа на светско ниво.

„Функционирањето на овој сектор е многу тешко, бидејќи како што во моментов се поставени одредбите од Законот, има градација помеѓу екстракција и култивизација на канабисот. Култивизација е начин на одгледување на канабисот за медицински цели, од тие причини има многу различни видови на негово конзумирање во медицинските цели. Во некои држави начинот на конзумирање, зависно од предвидената терапија, е со помош на согорување на цветот и со тоа се добива декарбоксилација, односно на тој начин се внесуваат канабиодите во системот на човечкото тело“, вели Дуковски, објавува Денар.мк. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор:Денар.мк

Слични написи

Back to top button
Close