Грчките земјоделци продолжуваат – Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба попладнево, а паралелно нивните барања писмено ги испратија до Владата.
Во текот на денешниот ден, според АНА-МПА, планирани се блокади за сообраќај на сите возила на Евзони, во периодот од 12 до 16 и од 18 часот по локално време, додека пак на другите премини, Ники кон Македонија и Промахонас и Ексохи кон Бугарија во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила.
На Евзони, блокадите започнаа пред две седмици, односно на 1 декември кога земјоделците од регионот на Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со нивните трактори, кои околу 300 на број остануваат паркирани на грчката страна на границата.
Паралелно, земјоделците продолжуваат и со блокадите на автопатите низ цела Грција.