fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Овците на Шар Планина гладуваат, субвенциите доцнат

Над 1.500 овци на сточарот Меѓит Усеини од гостиварско Горно Јеловце веќе неколку месеци едвај се прехрануваат.

Над 1.500 овци на сточарот Меѓит Усеини од гостиварско Горно Јеловце, веќе неколку месеци едвај се прехрануваат. Се надевал дека со субвенциите ќе купи сточна храна, но тие како и секоја година доцнат. Надежта последна умира вели, но кај нас не е така. Мислевме ќе ги пуштиме овците на пасиштата на Шара да пасат, но оваа планина побеле од нова снежна покривка, вели Усеини.

-Имам две трла. Во Горно Јеловце и Здуње. Нема храна на шарскиот крај се е под снег, самите министри знаат за ова, дека тие се од шарскиот крај претежно. Да дојдат ваму каде што има снег, нас сточарите не држат како резервна гума. Да не паднеше снег, барем ќе ги пуштевме на паша, барем малку овците да пасат. Немаме пари да им купиме сточна храна. Имам некој луцерка ама не е тоа тоа, вели сточарот Усеини.

Таква е состојбата кај сите сточари кои имаат бачила на Шара. Доцнењето на субвенциите велат е најголем проблем. Да ги даваат на време субвенции би била поинаква приказната. На пример пред Нова година. Но државата не само што доцни со месеци, таа доцни и со години. Некои сточари не зеле субвенција и од 2018 година, велат сточарите. Се жалат дека трошоците за чување на овците се поголеми од тоа што ќе го продадат. Затоа младите си заминаа, никој не сака да чува овци, чиј број од година вгодина се намалува.

-Ситуацијата се стегнува, младите бегаат, не сакаат ова да го работат. Државата не не штити.Со нас играат, кога сакаат пуштаат субвенции, кога сакаат не. Една овца на ден јаде по еден килограм сточна храна.На ден околу 100 денари е трошокот, а пченката е 20 денари, беше 9 денари и за превоз плус земаат, луцерката е околу 170 денари и како ќе преживееш? Сега и да сакаме да ги продадеме никој не ги зема. Нас ни требаат субвенциите пред Нова година. Тогаш ние може да формираме и цена на јагнето, затоа што имаме помош од државата и да не ги продадеме поради ниската откупна цена која постојано ја нудат ќе ги чуваме и така повеќе овци ќе има државата. Вака немаме помош од државата. Јагнето го даваме 120 денари, а годишно за килограм јагне имаме трошок околу 140 денари. Нема работници криза е и полека ги намалуваме овците.Сигурен сум дека и понатакму ќе продолжи овој тренд, дека не може  повеќе и мора да ги продаваме, немаме заштита од државата, вели сточарот Усеини.

Поради ваквата состојба сточарите од Полошко преку протест ги потсетија надлежните на проблемите. Велат дека сточари неправедно остануваат без субвенции, затоа што инспекторатот кога бил во нивното стадо изброил една или две овци помалку, иако сточарите имаат потврда од државен ветеринар дека тие овци пцовисале. 

-Па кај го има тоа, што да прави сточарот ако му пцовисала овца. Дошол инспектор изброил дека не се на број овците и му ги скратиле субвенциите. Дека некои овци ги нема сточарот има доказ од ветеринар. Ем некои сточари немаат субвенција, ем со цената е катастрофа. Ние што сме од гостиварско пред Велигден никако не ни оди со продажбата. Беа за откуп на јагне, ама мене не ми се исплаќа, ми даваат 120 денари како да ги дадам , вели еден сточар од Здуње.

Од Министерството за земјоделие, велат дека се запознаени со проблемот. Првиот човек на министерството за земјоделие Аријанит Хоџа треба да одржи состанок со Министерството за финансии, со кое треба да најдат заеднички јазик со ребалансот на буџетот да се одвојат пари за субвенции. Ако не се најде решение за нивните проблеми, сточарите најавија порадикални чекори.  

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close