fbpx
ВестиМакедонија

Сивата економија го нарушува интегритетот на целиот даночен систем и влијае штетно врз буџетот

Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска „предност” на оние кои не ги исполнуваат законските обврски

Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска „предност” на оние кои не ги исполнуваат законските обврски, истакнал министерот за финансии Фатмир Бесими, кој заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски разговараа со претставници на бизнис секторот за мерките од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија и на планот за сузбивање на корупцијата „Акција 21″.

На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Бесими оценил дека сивата економија го нарушува интегритетот на целиот даночен систем и влијае штетно врз буџетот и наплатата на приходите. Токму затоа целта на Акцискиот план на Министерството за финансии е во насока на зајакнување на механизмите за сузбивање на сивата економија.

– Усвојувањето на овој акциски план е резултат на заложбата на државата да ја намали сивата економија, имајќи во предвид дека нема земја каде што сивата економија, како феномен, не постои. Одговорност е на државата да ја подобрува правната и економска околина во која најлесен и најисплатлив начин за развој на бизнисите е легалното работење, водејќи се по принципите на рамоноправност, објективност и транспарентност, преку обезбедување на јасни прописи и правила лесни за следење и почитување, како и обезбедување на санкции за оние кои не ги применуваат и почитуваат, истакнал Бесими.

Акциониот план на Министерството за финансии содржи шест приоритети – унапредување на процесот на следење и детектирање на сивата економија, ефикасни инспекциски служби, подобро деловно опкружување за основање и раст на компаниите, јакнење на свеста за сивата економија, адресирање на сивата економија во е-трговијата и мерки на Царинската управа во борбата против неформалната економија. Со спроведување на мерките и активностите се очекува намалување на сивата економија на среден рок за околу пет процентни поени, која сега се проценува на околу 37 проценти од БДП согласно индикаторите на Меѓународниот монетарен фонд.https://www.biznisvesti.mk/kaj-danokot-na-dodadena-vrednost-se-belezhi-pogolema-naplata-za-29-49-otsto-naplatata-kaj-danokot-na-lichen-dohod-e-povisoka-za-12-55-otsto/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close