Овие четири намирници да не ги јадете на празен стомак
Одредени намирници по кои често посегнуваме наутро може да имаат контра-ефект, па дури и да доведат до воспаление во телото
Овие четири намирници воопшто не се здрави за појадок!
За здрав почеток на денот, но и на животот важно е што внесуваме во организмот. Ни требаат минерали, витамини и други хранливи материи за да бидеме избалансирани и здрави. Меѓутоа, од друга страна, одредени намирници по кои често посегнуваме наутро може да имаат контра-ефект, па дури и да доведат до воспаление во телото. Хроничното воспаление е последица на бројни болести, како што се: дијабетес, срцеви заболувања, мозочен удар, но и лоша исхрана, стрес, недостаток на сон или недостаток на физичка активност. Еве кои намирници треба да ги избегнувате за појадок:
Овесна каша
Иако може да биде едноставен, лесен и здрав појадок полн со здрави влакна, витамини и јаглехидрати, овесната каша со вкус и додаден шеќер може да придонесе за вашето воспаление и да создаде контра ефект.
Преработено црвено месо
Јадењето црвено месо според некои експерти е директно поврзано со високиот холестерол. Исто така, лошо влијае на работата на срцето.
Бел леб
Белиот леб се прави од бело брашно, кое брзо се вари, па чувството на глад брзо се враќа. Исто така, белото рафинирано брашно се поврзува со зголемено ниво на воспаленија во организмот, па би било добро да го избегнувате што е можно повеќе.
Слатки колачи или палачинки
Палачинките и вафлите најчесто се мешавина од бело брашно и додаден шеќер, со многу малку протеини или влакна за балансирање на шеќерот.
Независен