fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Овоштарите се обидуваат да го спасат и она малку што остана од овошките

Со прскање на биостимулатори овоштарите во Преспа се обидуваат да го спасат  и она малку што остана од овошките. Променливото време проследено со негативни температури неповолно се одрази врз развојот на овошките. Загрижува фактот што агрометеоролозите прогнозираат дека вако време ќе се задржи и во наредната седмица.

Дали биостимулаторите ќе успеат некако да ја спасат состојбата со сигурност не знаат да кажат ниту агрономите, вели вели за Зелена берза Горан Талевски од с.Долна Бела црква ресенско.

-Имам 5ха насад со јаболка . Овошките уште од ланската година не се опоравени, а веќе трпат штети и од ниските температури што го зафатија регионов на Преспа. Конкретно на мојов насад има над 70% измрзнување на расцутените овошки. Денес се обидувам со биостимулатори да им помогнам на овошките и ако може да се спаси она што остана. Ова е една врста антистрес за овошките  и да им се помогне да се раздвижат соковите во овошките  кои заради ниските температури беа застанати. Дали ќе има резултат од прскањето , во оваа фаза од развојот не може да се каже, останува само да се надеваме, вели Талевски.

Со разочарување кажува дека може да се надева на многу мал принос, околу 50 – 60 т, за разлика од добрите години кога берел по 300 тони јаболка.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close